четврток, 10 април 2025

Палминото масло се наоѓа во речиси сè што јадеме: Научниците откриваат дали е здраво или не

Во денешно време речиси и да нема производ кој не содржи палмино масло. Го има во речиси сите индустриски намирници, а најчесто се користи во рафинирана форма.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Овој вид масло потекнува од плодовите на маслените палми кои растат во Западна Африка. Треба да се разликува од маслото од палмово јадро, добиено од јадрото на истото овошје и од кокосовото масло, добиено од јадрото на кокосовата палма.

Од сите растителни масла, најмногу се користи низ светот, пред се затоа што е многу евтин, а и затоа што не ги губи својствата при изложување на високи температури и има неутрален мирис и вкус. Многумина го сметаат за здрава алтернатива на транс мастите и мастите од животинско потекло, што е погрешно.

Некои компании го користат овој тип на масло за производство на биогорива, детергенти и козметика, но околу 85 отсто од палминото масло се произведува за храна. Во светот, неговата употреба се зголемува секој ден.

Најмногу се произведува како течно, но и како цврсто масло за јадење. Го има во маргаринот, но и во пица, сладолед, леб, крекери, колачи, крофни, путер од кикирики, чоколадо, нутела и други прехранбени производи.

Палминото масло е растителна маст која често се користи во прехранбената индустрија поради неговата стабилност и неутрален вкус, но неговата хранлива вредност зависи од начинот на кој се преработува. Нерафинираното (црвено) палмово масло е богато со антиоксиданти и витамини, додека рафинираното ги губи повеќето хранливи материи за време на обработката.

Иако содржи некои корисни хранливи материи, високата количина на заситени масти и хемиската обработка ја намалуваат неговата хранлива вредност.

Има многу прашања во врска со палминото масло, а најчесто е колку е здраво. Содржи некои здрави хранливи материи, како што се антиоксиданси, бета-каротен и витамин Е, потоа полифеноли, коензими, мононезаситени и полинезаситени масни киселини, сепак, ова масло овозможи создавање на сè поголеми количини на пржени грицки, брза и преработена храна со потенцијално катастрофални последици за глобалното здравје.

Најчесто се користи во рафинирана форма, која во никој случај не е здрава. Рафинираните масла се добиваат со хемиско извлекување на маслото од растението, кое ги уништува повеќето негови корисни состојки. Ова е многу поефикасен и поевтин метод, поради што рафинираните масла се многу пораспространети. Од друга страна, нерафинираните се добиваат механички. Односно, со пресување со преса, што резултира со природен производ со врвен квалитет. Во него се зачувани сите ензими, есенцијални масни киселини, витамини и минерали.

Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) предупредува дека рафинирањето на палминото масло на високи температури може да доведе до формирање на токсини во него, што може да предизвика рак на бубрезите.

Индустријата за палмино масло има сериозно негативно влијание врз животната средина. Поради ширењето на плантажите, масовно се уништуваат тропските дождовни шуми на Малезија и Индонезија – кои произведуваат 90 отсто од светското палмово масло.

Површина со прашуми со големина од 300 фудбалски игралишта исчезнува секој час, а доколку трендот продолжи, 98 отсто од дождовните шуми во Индонезија би можеле да бидат уништени до 2032 година. Ова предизвикува глобално затоплување, ги уништува живеалиштата на бројни животински видови и придонесува за загадување на воздухот.

Иако често е присутно во индустриската храна, палминото масло може да има негативно влијание врз здравјето на одредени групи. Луѓето со срцеви проблеми треба да го избегнуваат поради високата содржина на заситени масти. Кај оние со дијабетес и отпорност на инсулин, може да го зголеми воспалението и да ја отежне контролата на шеќерот. Исто така, кај алергични лица, адитивите во производите со палмино масло може да предизвикаат реакции.

Поради потенцијалните здравствени ризици, најдобро е палминото масло да се замени со поздрави алтернативи како маслиново, кокосово или ленено масло, во зависност од начинот на подготовка на храната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ