среда, 30 јули 2025

Овошје кое го освежува организмот и го полни со енергија за време на жештините

Кога температурите се зголемуваат и воздухот станува влажен и тежок, лесно е да се дехидрира, особено во текот на летните месеци. Експертите советуваат да го зголемиме внесувањето на течности во овој период, но водата не е единствениот начин да останете хидрирани.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Овошјето што содржи висока содржина на вода може да биде одлична и вкусна помош во спречувањето на дехидрација.

Праска – 88 отсто вода

Праските се одличен летен избор затоа што содржат дури 88 отсто вода. Покрај тоа, тие се богати со витамини А, Ц, Б1, Б2 и Б6, како и минерали како што се калиум, калциум, манган и железо.

Исто така, содржи бета-каротен, кој е добар за здравјето на кожата и видот. Вкусни се, сочни и лесно сварливи, идеални за топли денови.

Грејпфрут – 89 отсто вода

Грејпфрутот е уште еден освежителен избор, со 89 отсто вода. Освен што хидрира, ова цитрусно овошје не е калорично и познато по своите тонизирачки својства.

Ако внимавате на вашата исхрана, грејпфрутот е совршен додаток во вашето мени, обезбедувајќи свежина без оптоварување.

Диња – до 92 отсто вода

Дињата со право се смета за едно од најосвежителните овошја. Содржи помеѓу 90 и 92 отсто вода, исто така е ниско калорична и делува како природен диуретик.

Богата е со витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем и помага во заштитата на клетките. Дињата е вистинскиа класика на летните десерти и меѓу омилените сезонски овошја.

Јагода – 90,6 отсто вода

Јагодите можеби не се достапни цело лето, но кога се, вреди да се вклучат во вашата исхрана. Тие содржат повеќе од 90 отсто вода, исто така се богати со јаглехидрати, влакна, витамини Ц и Е, фолна киселина и бета-каротен.

Вкусни се сами по себе, во смути или како лесен додаток во салатите.

Лубеница – 92 отсто вода

Лубеницата е несомнена кралица на летото. Нејзината содржина на вода е помеѓу 91 и 92 отсто, а е богата и со витамини А, Ц и Е, калиум и магнезиум.

Освен што е одлично средство за гаснење на жедта, може да помогне и во закрепнувањето на мускулите после физичка активност бидејќи ги релаксира напнатите мускули.

Овошјето во текот на летото може да ни помогне да останеме хидрирани, полни со енергија и здрави. Изберете сезонско овошје со висока содржина на вода како лубеница, диња, праски, грејпфрут и јагоди и користете ги како природен начин за освежување.

Освен што помага во хидратацијата, овошјето е богато со витамини и минерали, секој залак придонесува за вашето здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ