понеделник, 8 декември 2025

Овој дел од вашето тело старее побрзо од другите

Помислата на стареењето е голем стрес за многу луѓе, можеби дури и повеќе од самиот физички процес на стареење. Стареењето е неизбежно, а на овој дел од телото годините прво се забележуваат.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Вашата глава всушност старее побрзо од останатиот дел од вашето тело. Пред да се исплашите, знајте дека разликата е минимална – во наносекунди, или 90 милијардити делови од секундата во текот на 79 години. Ваквата разлика е целосно незабележлива за човечкото око.

Ова се случува поради теоријата на релативност на Ајнштајн: брзината со која минува времето зависи од тоа колку брзо се движите и колку сте блиску до полето на гравитација. На пример, часовниците на поголема надморска височина работат малку побрзо од оние на ниво на морето.

Истражувачите од Националниот институт за стандарди и технологија (НИСТ) сакаа да ја тестираат оваа теорија на уште помал обем – разлика од само една стапка (околу 30 см).

Тие користеле атомски часовници кои „отчукуваат“ додека еден алуминиумски јон вибрира помеѓу две енергетски нивоа повеќе од милион милијарди пати во секунда. Кога го подигнале едниот часовник третина од метар над другиот, повисокиот часовник работел малку побрзо бидејќи бил под помала гравитациска сила, пренесува Данас.

Значи, ако времето поминува побрзо на разлика од само една стапка, мора да поминува уште побрзо на разликата во висината помеѓу главата и стапалата, што ја прави вашата глава „најстариот“ дел од вашето тело.

Повторно, ова стареење нема значително влијание врз човечкиот изглед – веројатно веќе би го забележале ако го имаше – иако НИСТ верува дека ова откритие би можело да има практична примена во области како што е геофизиката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ