понеделник, 8 декември 2025

Овој апарат во кујната „голта“ струја: Троши дури и кога не го користите

Постои апарат кој веројатно го имате во вашата кујна и го користите речиси секој ден, но не знаете дека тој е најголемиот „виновник“ за високите сметки за струја?

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Сметките за струја, кои се зголемуваат од месец во месец, ги принудуваат домаќинствата да размислуваат за штедење на секој чекор. Додека повеќето луѓе веднаш помислуваат на клима уреди, машини или греење, експертите предупредуваат дека најголемиот „тивок крадец“ на енергија можеби се крие токму во вашата кујна.

Според Кори Гилган, сопственик на фабриката Орегон Генератори, токму микробрановата печка често троши повеќе отколку што мислиме, пренесува Јаху. „Апаратот што најчесто црпи енергија преку таканаречена „фантомска потрошувачка“ е микробрановата печка“, истакнува Гилган. „Повеќето домаќинства дури и не знаат дека троши струја 24 часа на ден, дури и кога не загревате храна“.

Што е „фантомска енергија“? Станува збор за потрошувачка на електрична енергија додека уредот е во режим на мирување. Кај микробрановите печки, ова се случува поради постојано активното внатрешно коло и дигиталниот дисплеј. Иако на прв поглед изгледа незначително – околу четири вати на час – тоа изнесува приближно 35 киловат-часови годишно.

Ако на ова се додадат и други апарати за домаќинство, како што се апарати за кафе, печатачи, полначи или телевизори, непотребната потрошувачка може да се зголеми до 10 проценти од вкупната месечна сметка.

Како да се намалат трошоците? Добра вест е дека решенијата не бараат големи инвестиции:

– Исклучете ја микробрановата печка (и другите апарати) кога не се во употреба.

– Паметните продолжни кабли автоматски го прекинуваат напојувањето на уредот кога се во режим на мирување.

– Паметните приклучоци може да се програмираат да се исклучуваат во текот на ноќта или додека сте на работа.

„Со отстранувањето на фантомската енергија, не ја жртвувате практичноста – едноставно ја отстранувате непотребната потрошувачка“, заклучува Гилган. „Започнете со микробрановата печка и брзо ќе ги видите првите заштеди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ