Сиетл Сихокс се новите шампиони на НФЛ, откако ги победија Њу Ингланд Патриотс со 29:13 во 60-тото финале на Супербоул пред два дена во Санта Карла.
Асошиејтед прес објави дека овогодишниот Супербоул го гледале во просек 124,9 милиони гледачи на Ен-би-си, шпанскиот канал Телемундо, НФЛ+ сервисот и стриминг сервисот Пикок, соопшти денес агенцијата за мерење на гледаност Нилсен.
Тоа е помалку од 127,7 милиони гледачи во САД кои ја гледаа победата на Филаделфија над Канзас Сити (40:22) на Фокс минатата година.
Сепак, Супербол 60 е најгледаната емисија во историјата на Ен-би-си, кој оваа година слави 100-годишнина.
Настапот на Бед Бани на полувремето на овогодишниот Супербоул го гледале во просек 128,2 милиони гледачи. Асошиејтед прес наведува дека шоуто сега е четврто најгледано, веднаш зад настапите на Кендрик Ламар (133,5 милиони гледачи – 2025), Мајкл Џексон (133,4 милиони – 1993) и Ашер (129,3 милиони, 2024).






