сабота, 6 декември 2025

Овес или мусли: кој е подобриот избор за брзо согорување масти

Ако вашата цел е да ослабете, чистиот овес е генерално подобар избор од мусли. Главната причина е тоа што мусли купени од продавница често се полни со скриени шеќери, масла и сушено овошје, што значително ја зголемува нивната калориска вредност без воопшто да го забележите тоа. Од друга страна, овесот е чиста житарка чија подготовка и додатоци целосно ги контролирате.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Иако муслите звучат како совршен здрав оброк – мешавина од житарки, јаткасти плодови, семки и сушено овошје – вистината често е поинаква.

Производителите често додаваат шеќери или мед за да го подобрат вкусот, понекогаш смесата се пече со разни масла за да биде покрцкава, претворајќи ја во она што се нарекува гранола. Сувото овошје, иако е природно, сепак е концентриран извор на шеќер. Сето ова заедно придонесува за фактот дека една порција мусли може да има значително повеќе калории и шеќер отколку што очекувате.

Овесот, или овесната каша, е интегрално зрно и одличен извор на растителни влакна, особено бета-глукан. Овие влакна ви помагаат да се чувствувате сити подолго време, што е клучно за контрола на апетитот и губење на тежината.

Освен тоа, овесот помага во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта, спречувајќи ненадејни напади на глад. Кога подготвувате овесна каша, вие одлучувате што да додадете – свежо овошје, малку јаткасти плодови или цимет.

Дали ова значи дека треба целосно да исфрлите мусли од вашата исхрана? Не мора да значи. Ако се одлучите за мусли, внимателно прочитајте ги декларациите и изберете без додаден шеќер и масло. Уште подобра опција е сами да си направите мешавина дома, користејќи чист овес, свежи јаткасти плодови, семки и само малку сушено овошје. На тој начин, ги добивате сите придобивки од различните состојки, но без непотребните калории.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ