вторник, 10 февруари 2026

Ова животно никогаш не умира и јасно е зошто е толку интересно за научниците

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од идејата за измамување на смртта, и додека ја истражувавме вселената, науката и секој агол на Земјата, тајната на бесмртноста можеби цело време пловела во океанот. Во форма на медуза.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Туритопсис дорни (Turritopsis dohrnii) е мала, речиси невидлива медуза, но со луда способност поради која го добила прекарот „бесмртна медуза“.

Тоа е уникатен животински вид способен да ја измами смртта со тоа што ќе го сврти својот животен циклус од зрела медуза што плива назад во фазата на млад колонијален полип.

Преку процес наречен трансдиференцијација, медузите можат да ги променат своите специјализирани клетки, „репрограмирајќи“ ги да станат други видови клетки со различни функции, овозможувајќи им да се подмладат наместо да умрат, според студија објавена во научното списание ПНАС (Зборник на трудови на Националната академија на науките).

Имено, кога е загрозена, гладна, повредена, стара – наместо да угине, оваа медуза прави нешто неверојатно: тоне на дното на океанот, се трансформира во топка слична на циста и ги реорганизира своите клетки назад во колонија од полипи. Потоа повторно расте во возрасна медуза.

Во превод: Како човек да се ресетира во бебе на 80 години и повторно да порасне.

Јасно е како оваа единствена способност го направила Туритопсис дорни предмет на интензивни научни истражувања за стареењето и регенерацијата на клетките.

Научниците ја проучуваат бидејќи покажува не само како клетките можат да се регенерираат, туку помага и во истражувањата за стареењето, матичните клетки и ракот, а покренува и прашања за тоа дали делумно „ресетирање“ на клетките еден ден би можело да се примени кај луѓето.

По потекло од Медитеранот, овој мал организам (околу 4,5 мм) се проширил во тропските и умерени води низ светот преку водата за баласт во бродовите.

Секако, иако теоретски може бесконечно да го повторува циклусот на „подмладување“ за да избегне смрт од стареење, сепак може да биде убиена од предатори или болести, нагласува Британскиот природонаучен музеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ