понеделник, 8 декември 2025

Отворен првиот двокатен висечки мост во Кина над реката Јангце (ВИДЕО)

Првиот двокатен висечки мост со кабелски потпори во Кина е отворен за сообраќај во источната кинеска провинција Анхуи, објави вчера новинската агенција Синхуа.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Ова е 11-ти мост преку реката Јангце во покраината Анхуи.

Проектот ги поврзува експресните патишта, меѓуградските железници и товарните пруги, овозможувајќи транспорт помеѓу железницата и речниот сообраќај.

Вчера беше пуштен во сообраќај патниот дел од мостот долг 11,9 километри.

Се очекува новиот мост значително да го подобри транспортниот систем во делтата на реката Јангце и да придонесе за економскиот развој на регионот.

Објектот е дизајниран и изграден според високи еколошки стандарди, бидејќи поминува низ Националниот природен резерват за делфини на реката Тонглинг и заштитено подрачје со извори на вода за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ