петок, 12 декември 2025

Отпечаток од рака стар 4.000 години е пронајден на древна египетска гробница

Отпечаток од рака стар 4.000 години е пронајден во древна египетска гробница што британските куратори ја подготвувале за изложба.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Откриен е од страна на истражувачите од Универзитетот Кембриџ на „куќа на душата“ – глинен предмет во форма на зграда, обично пронајден во гробници.

Кустосот Хелен Струдвик изјави дека целиот отпечаток од раката, кој датира од 2055 до 1650 година п.н.е., е „ретко и возбудливо“ откритие.

Ќе биде изложен во музејот Фицвилијам како дел од изложбата на универзитетот „Произведено во антички Египет“ која ќе биде отворена на 3 октомври.

„Отпечатокот го оставил творецот кој го допрел пред глината да се исуши. Никогаш претходно не сум видел толку целосен отпечаток од рака на египетски предмет“, рече Страдвик.

Изложбата се фокусира на луѓе кои се занимавале со древни египетски занаети.

Иако се зачувани многу примери на грнчарски производи, многу малку детали се познати за самите грнчари, во споредба со другите древни египетски мајстори, пренесува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ