среда, 24 декември 2025

Откриени остатоци од антички град од 6 век пред новата ера (ФОТО)

Археолозите открија остатоци од антички град кој датира од 6 век п.н.е. на локалитетот Таксила во Пакистан.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, одделот за археологија во Пенџаб ги интензивирал ископувањата на локалитетот Бхир во Таксила, според веб-страницата на Трибјун.

Станува збор за најстарата урбана населба во долината на Таксила, што претставува сложена мешавина на персиски, грчки и индиски влијанија и остатоци од времето на Александар Велики и раниот будизам, и претставува дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

За време на ископувањата, откриени се тесни улички, станбени објекти, бунари за вода, складишта за жито и артефакти од секојдневниот живот.

Официјални лица изјавија дека се разгледува и предлог за претворање на локалитетот Бхир во музеј на отворено. Службеникот на Одделот за археологија на Пенџаб, Малик Максуд Ахмед, истакна дека градот се наоѓа покрај античките трговски патишта што ги поврзувале Централна Азија, Авганистан и Индокина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ