Диносаурусот, член на семејството мегараптори, живеел пред речиси 66 или 70 милиони години за време на периодот креда, бил долг околу седум метри и тежел повеќе од 1.000 килограми, пренесува Еј-би-си њуз.
Фосилите се пронајдени во формацијата Лаго Колуе Уапи во Патагонија и се добро сочувани, вклучувајќи го черепот, предните и задните екстремитети, ребрата и пршлените.
Анализата на коските покажува дека примерокот бил возрасен, но сè уште незрел поединец, стар околу 19 години.
Истражувачите велат дека присуството на крокодилска коска во вилиците дава увид во исхраната на диносаурусот за кој станува збор и ја потврдува неговата улога како доминантен предатор во регионот.
Мегарапторите, според достапните податоци, биле широко распространети во Азија, Австралија и Јужна Америка, групата изумрела на крајот од периодот креда.






