четврток, 29 јануари 2026

Откриена нова планета погодна за живот, но температурите на површината се минус 70 степени

Астрономите открија нова планета со големина на Земјата, оддалечена околу 146 светлосни години, за која научниците проценуваат дека има околу 50 проценти шанси да се наоѓа во зоната погодна за живот на својата ѕвезда, соопштија истражувачите.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Планетата, наречена ХД 137010 б со прекар „ледена Земја“, кружи околу ѕвезда слична на Сонцето и се проценува дека е околу шест проценти поголема од Земјата, пренесува Гардијан. Планетата има орбита од приближно 355 дена, слична на Земјината, но нејзината ѕвезда е постудена и потемна од Сонцето, поради што температурата на површината на планетата би можела да биде и под минус 70 степени Целзиусови.

Меѓународен тим научници од Австралија, Велика Британија, САД и Данска ја идентификуваа планетата, користејќи податоци собрани во 2017 година за време на продолжената мисија на вселенскиот телескоп Кеплер (К2) на НАСА. Сигналот е снимен кога планетата накратко поминала пред својата ѕвезда, предизвикувајќи слабо затемнување.

Според истражувачите, сигналот првично го забележале граѓани-научници во рамките на проектот „Ловци на планети“.

Научниците истакнуваат дека ги провериле податоците повеќе пати и дека откривањето се совпаѓа со типичен транзит на планета. Астрофизичари кои не биле вклучени во истражувањето велат дека откритието е значајно, но предупредуваат дека се потребни повеќе набљудувања на транзитот за потврда.

Исто така, се наведува дека планетата, иако е слична на Земјата по големина, би можела да биде и голем „леден свет“ со голем дел од водата во замрзната состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ