вторник, 6 мај 2025

Островот на кој живеат најголемите гуштери во светот: Тежат и до 135 килограми 

Во националниот парк Комодо, кој се наоѓа во Индонезија, посебно внимание привлекуваат неговите најпознати „жители“ – огромни гуштери кои поради застрашувачкиот изглед и сила често ги нарекуваат островски змејови, а познати се и како Комодо змејови. 

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Оние кои го посетиле ќе се согласат дека Националниот парк Комодо е еден од најубавите во светот. Ова природно чудо се наоѓа во централниот дел на индонезискиот архипелаг, кој има повеќе од 17 илјади острови. 

Националниот парк се протега помеѓу островите Сумбава и Флорес и се состои од три големи острови (Ринка, Комодо и Падар) и бројни острови со вулканско потекло. Од тревнo-шумски савани до тропски листопадни (монсунски) шуми, сува вегетација, песочни плажи и подземни корали, овој регион е исполнет со разновидност. 

Почесни жители на паркот се џиновските комодо гуштери (Varanus komodoensis), кои не можат да се најдат никаде на друго место во светот. Поради нивното агресивно однесување, гуштерите Комодо често ги нарекуваат „змејови“, а особено им го привлекоа вниманието на научниците кои ја истражуваат нивната еволуција. Најголемите гуштери на планетата растат до три метри во должина и тежат околу 135 килограми. 

Иако се заштитени, многумина ги сакаат како домашни миленици, што дополнително го загрозува нивниот број. Шверцерите ги продаваат на црно за околу 35.000 евра. Поради честите кражби и исчезнувањето на овој вид, индонезиските власти разгледуваат начини да ги зачуваат змејовите, вклучително и забрана за туристи. 

Покрај гуштери, паркот е дом и на ендемични стаорци, а силните морски струи привлекуваат морски желки, китови и делфини. Разновидниот морски свет и коралите во разни бои привлекуваат и нуркачи, кои мора да бидат особено внимателни поради силните морски струи на некои места. Бату Болонг е една од најпознатите дестинации за нуркање, која се споредува со експлозија на бои, форми и риби. 

Во националниот парк, можете да се восхитувате на предизвиците на Пантаи Мера – плажа обоена во розова боја од микроскопски суштества наречени фораминифери, како и други заливи каде што можете да почувствувате вистински мир и поврзаност со природата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ