петок, 12 декември 2025

Остров кој беше прогласен за визуелно најпривлечна дестинација во светот

Нова студија ги испитуваше „хроматската разновидност“ и „живописниот интензитет“ за да ги рангира најсветлите и визуелно најпримамливи дестинации на планетата.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Креативното студио Берлеу спроведе анализа за тоа колку се всушност шарени 125 најпопуларни туристички дестинации во светот. Како го направија тоа?

Со прикажување фотографии со висока резолуција направени од улични фотографи преку технологија за компјутерска визија за да се идентификуваат петте најзастапени бои на секоја локација, пренесува Тајм аут.

Од оваа анализа беа создадени 625 палети на бои, а потоа беа оценети „хроматската разновидност“ и „живописниот интензитет“ на секоја дестинација.

Накратко, постои одредена научна основа зад овие резултати (иако не е сосема јасно што точно значи сето тоа). Резултатот е блескава листа на најспектакуларно шарените места во светот, рангирани според вкупниот резултат.

На прво место беше Бурано, остров во Венеција, каде што речиси сите улици се покриени со нијанси на сина, црвена, зелена и жолта боја – од фасади и рамки на прозорци до врати и капаци.

На второ место е Шефшауен во Мароко, трет Гуатапе во Колумбија, Вилемстад во Курасао е четврт, следна е Хавна во Куба и други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ