Комичарот Конан О’Брајен ќе ја води церемонијата втор пат по ред, но извори тврдат дека продуцентите моментално се повеќе фокусирани на безбедноста на настанот отколку на наградите.
Според информациите, организаторите ја разгледуваат и можноста за отстранување на црвениот тепих од церемонијата.
Поради политичките тензии на светско ниво се чини дека оваа идеја е веројатна, бидејќи црвениот тепих претставува гламурозен и највесел дел од доделувањето на наградите.
Во моментов на многумина не им е до смеење.
Овие мерки покажуваат колку организаторите се свесни за меѓународните политички околности и се подготвени да ја прилагодат оваа гламурозна филмска вечер во согласност со глобалните настани.
Во категоријата за најдобар актер, номинирани се Мајкл Б. Џордан во филмот „Грешници“, Тимоти Шаламе „Марти Суприм“, Леонардо Ди Каприо „Една битка по друга“, Итан Хоук „Сина месечина“ и Вагнер Моура „Тајниот агент“.
Филмот „Грешници“ освои рекордни 16 номинации, надминувајќи ги сите претходни рекорди на Академијата.
Со 13 номинации е филмот „Една битка по друга“, остра анализа на радикалната политика.
Овие два филма, заедно со „Франкенштајн“, „Бугонија“, „Хамнет“, „Марти Суприм“, „Сентиментална вредност“, „Соништа за воз“, „Ф1“ и „Тајниот агент“, се номинирани за најдобар филм на 98-мото доделување на наградите Оскар во 2026 година.






