Една битка по друга освои шест награди, а беше номиниран во 13 категории. Филмот освои награди во категориите за најдобар филм, најдобар режисер (Пол Томас Андерсон), најдобра монтажа (Енди Јургенсен), најдобро адаптирано сценарио (Пол Томас Андерсон), најдобар спореден глумец (Шон Пен) и награда за кастинг (Касандра Кулукундис).
Шон Пен не се појави на церемонијата на доделување на наградите.
Четири Оскари освои филмот „Грешници“, кој доби рекордни 16 номинации. Филмот ја освои Златната статуа во категориите за најдобар глумец (Мајкл Б. Џордан), најдобра кинематографија (Отен Дуралд Аркапо), најдобра музика (Лудвиг Герансон) и најдобро оригинално сценарио (Рајан Куглер).
Филмот „Франкенштајн“ освои три Оскари – за најдобра костимографија (Кејт Холи), најдобра шминка и фризура (Мајк Хил, Џордан Семјуел и Клиона Фјури) и најдобра продукциска сценографија (Тамара Деверел и Шејн Вио).
Два Оскара освои и анимираниот хит „K-поп: Ловци на демони“, во категориите за најдобар долгометражен анимиран филм и најдобра оригинална песна „Голден“.






