Како што се наведува, леталото ќе биде вратено за експертите да можат подобро да ги оценат оштетувањата што ги претрпело.
Шенџоу-20 требаше на 5 ноември да го врати екипажот кој престојуваше шест месеци на трајно населената кинеска вселенска станица Тиангонг.
Сепак, откако екипажот на вселенското летало откри пукнатина во прозорецот на капсулата за враќање непосредно пред полетувањето, мисијата за враќање беше одложена, пренесува Ројтерс.
Екипажот беше принуден да се врати на Земјата девет дена подоцна со друго вселенско летало, додека тројцата преостанати астронаути на вселенската станица Тиангонг останаа без функционално вселенско летало.
Тим експерти работеше на преправка на „шенџоу-20“ откако мисијата беше одложена, а вселенското летало остана на вселенската станица.
Chinese expert explains in-orbit emergency faced by #Shenzhou-20 #SpaceChina pic.twitter.com/cEldCK0Pqs
— CGTN (@CGTNOfficial) December 1, 2025
Портпаролот на Кинеската вселенска агенција Џи Киминг соопшти дека леталото ќе биде вратено на Земјата без екипаж, додавајќи дека при враќањето ќе собере „најавтентични експериментални податоци“, без да наведе детали.
Дизајнерот на вселенските летала „шенџоу“, Џиа Шиџин, изјави дека пукнатината во прозорецот на капсулата е долга нешто повеќе од еден сантиметар, но дека штетата не може да се испита подетално во орбитата, туку тоа ќе биде направено по враќањето на вселенското летало на Земјата.
Тој додаде дека одлуката за одложување на мисијата е донесена врз основа на можното најлошо сценарио, според кое пукнатината би можела да се прошири и да предизвика декомпресија на кабината и влегување на гасови со голема брзина. Доколку тоа се случи, системите за одржување на живот брзо би откажале, што би било фатално за астронаутите, пренесува Ројтерс.






