Овој дигитален асистент, достапен преку опцијата „режим на агент“ во паѓачкото мени (што се отвора почнувајќи од статусната линија кон дното на прозорецот), е способен да извршува цела низа задачи – од планирање оброци, создавање презентации и одржување на календари, до сложени анализи на пазарот и извршување на код преку терминали и АПИ конекции, пренесува ТекКранч.
Компанијата соопшти дека со овој чекор се поблиску до реализација на нивната визија: вештачка интелигенција која не само што одговара на прашања, туку всушност работи наместо корисникот.
Бил Гејтс, коосновачот на Мајкрософт истакна дека во иднина агентите со вештачка интелигенција ќе заменат многу од апликациите што ги користиме денес, трансформирајќи се во дигитални асистенти кои ги знаат нашите навики, ритам и приоритети – речиси како блиски пријатели.
„За разлика од денешните ботови кои извршуваат една задача во рамките на една апликација — како пишување електронска пошта или резервација на хотел — агентите со вештачка интелигенција ќе имаат поширока слика. Ќе запомни што сакате да јадете, со кого најмногу комуницирате и како изгледа вашиот типичен ден. Врз основа на тоа, ќе ви предложи патувања, ручеци во вашите омилени ресторани, па дури и посети на лекар“, напиша Гејтс во статија објавена на веб-страницата на неговата фондација.






