петок, 19 декември 2025

Огромно морско чудовиште од 4,3 метри испливало на плажа (ФОТО)

Огромно морско суштество, кое исклучително ретко се гледа во природната средина, повторно го привлече внимание на јавноста – откако исплива на северниот брег на Перу.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Необичниот инцидент е втор по ред во изминатиот месец, што предизвика загриженост кај морските биолози, пренесува Мирор.

Телото на суштеството долго 4,2 метри е пронајдено во напредна фаза на распаѓање, што го ограничило количеството биолошки примероци што научниците можеле да ги земат.

Сепак, суштеството беше идентификувано како ајкула со исклучително големи вилици (Megachasma pelagios), една од најмистерозните и ретко видени во светот.

Откако необичниот вид бил првпат идентификуван, низ целиот свет е забележан помалку од 300 пати, како во Пацификот, така и по должината на атлантскиот брег. Препознатлив е по големата уста, ситните заби (како клинови) и заоблената муцка, а може да достигне должина и до 5,5 метри.

Оваа ајкула обично живее на длабочина од околу 165 метри и се храни со филтрирање, поради што контактот со луѓето е исклучително редок.

Токму затоа, секое појавување на оваа ајкула во плитки води или на крајбрежјето се смета за необично и заслужува внимание од научната заедница.

Во ноември 2025 година, пренесуваат локалните медиуми, е пронајден уште еден примерок кој рибарите го употребиле за подготовка на традиционални јадења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ