Жителите во неколку американски сојузни држави пријавиле дека виделе светла огнена топка во 9 часот наутро, а Американското метеорско друштво соопшти дека добило такви извештаи од Висконсин до Мериленд.
Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) подоцна потврди дека станува збор за метеор со дијаметар од речиси 1,83 метри.
„Ова навистина изгледа како огнена топка, што значи дека е метеорит – мал астероид“, рече астрономот Карл Хергенротер.
Метеорот првпат бил забележан околу 80 километри над езерото Ири, во близина на Лорејн, и поминал повеќе од 55 километри низ горната атмосфера пред да се распадне над Вали Сити, северно од Медина, соопшти НАСА.
Научниците ги следат метеорите преку мрежа од специјални камери кои помагаат во снимањето на ноќното небо, но сè повеќе луѓе ги снимаат со мобилни телефони и безбедносни камери.






