Некогаш бил просперитетен трговски центар, кој бил скриен со векови, пренесува Фокс њуз.
Основан во четвртиот век п.н.е. како пристанишен град што ја поврзувал трговијата од Индија со Месопотамија и медитеранскиот свет, тој паднал во заборав по третиот век од н.е., кога се променил текот на реката Тигар.
Во текот на изминатите неколку години, истражувачите ги мапираа утврдените ѕидини на градот, уличните мрежи и градските блокови благодарение на снимки од беспилотни летала и геофизички скенирања со висока резолуција.
Археолозите работат на локалитетот од 2010-тите, период кога терористичката организација Исламска држава ја контролирала областа, но дури сега се откриени целосните размери на изгубената метропола.
Универзитетот во Констанц во Германија објави дека багери се дозволени само за површински истражувања под строг надзор на војници или полицајци. Истражувачите идентификувале комплекс од храмови, работилници со печки и ложишта, како и остатоци од градското пристаниште и системот на канали.
„Градот бил неколку пати поплавен, но е чудесно добро сочуван“, рече Стефан Р. Хауцер, професор по археологија на Универзитетот во Констанц.
Хаузер истакнал дека, како и попознатиот истоимен град во Египет, Александрија на реката Тигар била основана на раскрсница помеѓу реката и морето. Александар Велики лично ја избрал локацијата во 324 година п.н.е., повикувајќи се на авторот Плиниј Постариот, кој се потпирал на постари извори.
Археологот нагласи дека големината на градските блокови ги надминува дури и оние во главните престолнини од тоа време, како што се Селевкија на Тигар или Александрија на Нил.
„Квалитетот на геофизичките докази е апсолутно изненадувачки. Зачуваноста на згради е изненадувачки добра, а почнавме да идентификуваме ѕидови веднаш под површината, што исто така објаснува добри резултати во геофизичките истражувања“, рече Хаузер.
Истражувачкиот тим планира во иднина да ги истражи градските населби, работилниците и печките, во зависност од финансирањето. Хаузер заклучи дека локацијата е „особено погодна за ваков вид истражување, бидејќи немало градежна активност уште од античко време“.






