Десетте најдобри градови за живеење во 2025 година се:
- Копенхаген, Данска
- Виена, Австрија
- Цирих, Швајцарија
- Мелбурн, Австралија
- Женева, Швајцарија
- Сиднеј, Австралија
- Осака, Јапонија
- Окленд, Нов Зеланд
- Аделаида, Австралија
- Ванкувер, Канада
ЕИУ, сестринска организација на списанието „Економист“, рангираше 173 градови низ целиот свет врз основа на низа фактори, вклучувајќи здравје, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина. Копенхаген триумфираше откако доби „совршени“ оценки за стабилност, образование и инфраструктура, додека Виена го подели второто место со швајцарскиот град Цирих.
Жителите на Копенхаген, кој беше прогласен и за најсреќен град во светот според Индексот на среќни градови, забележуваат дека е многу безбеден, како и цела Данска.
Дени Мајорка, кој го води блогот „Дени на север“, живее во Копенхаген веќе некое време и вели дека општество во Данска ги прифаќа новодојденците, тие се грижат за животната средина и лесно е да се стекнат пријатели.
Иако австрискиот град постигна добри резултати во повеќето категории, неговиот резултат во категоријата стабилност значително се намали, додека Копенхаген постигна високи резултати во сите делови. Остриот пад на резултатите за стабилност се припишува на неодамнешните инциденти во Виена, вклучително и заканата со бомба на концертот на Тејлор Свифт минатото лето, што доведе до откажување на настанот.
„Глобалниот квалитет на живот остана непроменет во текот на изминатата година, а како и во 2024 година, резултатите за стабилност се намалија на глобално ниво. Притисокот врз стабилноста доведе до тоа Виена да ја изгуби својата позиција како најпогоден град за живеење по три години“, изјави Барсали Бхатачарја, заменик-директор на ЕИУ.