вторник, 17 март 2026

Објавена листа на најомразени земји во светот за 2026 година

Дури и со воена состојба на Блискиот Исток, прва на листата на најомразени земји во светот за 2026 година е Кина.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Без оглед на тоа каде живеат во светот, мнозинството луѓе имаат специфични ставови кон други земји. Оваа карта со сина боја ги истакнува оние кон кои преовладуваат негативни ставови, пренесува Нова.

На тие ставови можат да влијаат многубројни фактори, од владини дејствија или воени интервенции до доминантна култура и религија, па дури и однесувањето на нивните туристи.

Сепак, интересно е што, според податоците од „Преглед на светска популација“, и покрај сериозната конкуренција во моментов – Кина се покажа како земја што остатокот од светот „ја мрази најмногу“.

САД се на второ место, а Русија на трето – и јасно е зошто токму овие три земји веќе подолго време се на врвот на оваа неславна листа.

Како големи глобални сили, тие се соочуваат со значително непријателство низ целиот свет поради нивните империјалистички тенденции и мешање во економските, политичките и воените работи на помалите земји.

Покрај тоа, граѓаните на секоја од овие земји генерално имаат многу лошо мислење за другите две, и можеби треба да се нагласи дека ова се и најголемите земји во светот.

Земји како Саудиска Арабија и Северна Кореја, исто така, редовно се наоѓаат на листата поради нивните авторитарни режими и кршења на човековите права, додека Израел, со своите контроверзни воени операции, засега го зазема петтото место.

Меѓу 20-те најомразени земји во 2026 година се и: Пакистан, Иран, Ирак, Сирија, Индија, Обединето Кралство, Јапонија, Саудиска Арабија, Германија, Нигерија, Турција, Јужна Кореја, Авганистан, Филипини, Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ