петок, 6 февруари 2026

Нутриционистите предупредуваат: Ако имате повеќе од 40 години, овие пет намирници веднаш исфрлете ги од исхраната

Како што старееме, начинот на кој телото ја обработува храната се менува, особено по 40-та година кога метаболизмот природно се забавува, а хормонските промени го олеснуваат таложењето на масти во пределот на стомакот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Тој вид маснотии, познат како висцерална маст, се поврзува со поголем ризик од срцеви болести, инсулинска резистенција и воспаленија.

Еден од главните фактори што придонесуваат за тоа се високо преработените меѓуоброци и слатки, кои лесно може да се изедат во големи количини, а притоа нудат многу мала реална хранлива вредност. Според нутриционистите, ова се популарни грицки кои сите постари од 40 години треба да ги избегнуваат или барем да ги ограничат.

Чипс од компир

Чипсот е класичен пример за високо преработена храна која може потајно да го забавува метаболизмот. Најчесто се пржи во нездрави масла и содржи големи количини натриум, што придонесува за воспалителни процеси во телото. Доктор Зишан Афзал објаснува дека преработените меѓуоброци како чипсот можат да го забават метаболизмот бидејќи се богати со калории, нездрави масти и сол, а таквата комбинација може да поттикне хронично воспаление.

Со текот на времето тоа може да придонесе за натрупување висцерална маст, особено во пределот на стомакот.

Бисквити

Иако може да изгледаат безопасни во мали количини, бисквитите често содржат многу рафиниран шеќер и масти, што брзо се акумулира. Нутриционистот Џеси Федер предупредува дека бисквитите носат слични ризици како и колачите и печивата, бидејќи тие обично се богати со масти, шеќер и калории.

Бидејќи е лесно да се изедат премногу, тие можат да ни обезбедат многу повеќе калории од нашите дневни потреби без да создадат чувство на ситост. Федер истакнува дека високата калорична содржина на ваквите производи може да доведе до несакано акумулирање на масти со текот на времето, особено висцерални масти, ако се консумираат редовно.

Засладени житарки

Многу житарки, кои најчесто се јадат за појадок, особено оние наменети за деца, иако често се рекламираат како здрави, всушност се ултра-преработени и богати со шеќер. Според стручњаците, таквите житарки нагло го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и нудат многу малку влакна или протеини што би обезбедиле подолго чувство на ситост.

Нутриционистот Крутика Нанавати наведува дека многу житарки за деца се богати со шеќер и сиромашни со хранлива вредност и дека нивната редовна консумација може да доведе до дебелеење и зголемен ризик од хронични болести.

Мафини

Мафините од пекари или продавници можат да содржат изненадувачки голем број калории, поради што не се добар избор за редовна ужина. Експертот за исхрана Лиза Ендрус вели дека, иако ги нарекуваме мафини, тие всушност често имаат карактеристики на колачи. Таа истакнува дека традиционалните мафини се богати со калории и масти и дека со текот на времето можат да придонесат за натрупување маснотии во пределот на стомакот.

Гранола плочки со чоколадо

Иако често се промовираат како здрава опција, гранола плочките прелиени со чоколадо честопати не го исполнуваат тоа очекување. Тие обично содржат големи количини на додаден шеќер и заситени масти, со многу мала вистинска хранлива вредност.

Ендрјус предупредува дека ваквите плочки се во суштина прикриени чоколадни плочки и дека повеќето од нив се богати со шеќер и заситени масти, но имаат малку корисни хранливи материи. Доколку станат редовен дел од вашата исхрана, можат да придонесат за акумулација на маснотии во стомачната област.

Значи, по 40-годишна возраст, намалувањето на високо преработени грицки и избор на поздрави намирници (овошје, јаткасти плодови, јогурт итн.) може да помогне во намалувањето на маснотиите на стомакот и зачувување на здравјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ