понеделник, 23 март 2026

Ново откритие: ДНК на овој народ содржи ген што штити од опасна болест

ДНК на жителите на Сардинија содржи ген кој штити од маларија, според резултатите од студијата спроведена од Институтот за генетика и био-медицински истражувања на Националниот истражувачки совет (ЦНР) во Каљари во соработка со Универзитетот во Сасари.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Студија покажа дека многу жители на Сардинија во својата ДНК носат варијанта на ген способен да го спречи развојот на паразитот одговорен за маларија, што отвора пат кон нови медицински третмани засновани на човечката генетика и еволуција, објави агенцијата АНСА, наведувајќи дека овој ген кај луѓето родени на овој остров веројатно еволуирал како форма на заштита откако хомо сапиенс ја напуштил Африка.

Истражувачи од ЦНР и Универзитетот во Сасари, во студија координирана од Франческо Кук, анализирале ДНК на околу 7.000 волонтери кои учествувале во голема популациска студија.

Откриено е дека овој ген го регулира развојот на црвените крвни зрнца, клетки во кои живее паразитот на маларија и доведува до создавање на поголем број црвени крвни зрнца со посебни карактеристики.

Кога клетките од луѓе со оваа варијанта на ген биле инфицирани во лабораториски услови, паразитот не се размножувал и на крајот умирал.

Оваа генетска варијанта, вообичаена во Сардинија, не е присутна во многу региони во светот каде што маларијата е сè уште широко распространета, што укажува дека веројатно се развила откако хомо сапиенс ја напуштил Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ