недела, 18 мај 2025

Ново истражување открива кога сме најсреќни

Без разлика дали станува збор за лошо време, вознемирувачки вести на вашиот мобилен телефон или лични околности, податоците покажуваат дека повеќето Американци (и не само тие) чувствуваат дека секојдневно минуваат низ виор од емоции.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Но, постои едно мало, драгоцено време од денот што треба да го заштитиме секогаш кога можеме – бидејќи тогаш чувството на задоволство и смиреност најмногу расте. Без разлика дали тоа време го поминуваме шетајќи го кучето, молејќи се или медитираме, подготвуваме појадок за семејството или го пиеме омиленото кафе – науката вели дека токму тогаш сме најблиску до чувството на вистинска среќа.

Во јануари 2025 година беше објавена студија спроведена од докторанти по психобиологија од Обединетото Кралство, резултатите беа објавени во списанието Би-ем-џи Ментал хелт. Тие анализирале податоци од 49.218 возрасни лица собрани во период од две години, почнувајќи од март 2020 година.

Учесниците пополнувале прашалници во кои ги проценувале симптомите на депресија, анксиозност, чувство на осаменост и општа психолошка благосостојба. Во просек, за секој учесник беа забележани 18 набљудувања – вкупно речиси 909.000 податоци.

Резултатите покажаа дека времето од денот има вистинско влијание врз менталното здравје. Иако разликите не беа драстични, утринските часови постојано даваа најдобри резултати: пониски нивоа на депресија, анксиозност и осаменост, а повисоки нивоа на среќа, задоволство и чувство дека животот има смисла.

Интересно е што истражувачите откриле и шеми низ деновите од неделата. Најниските точки на ментално здравје беа забележани во средината на неделата – особено во вторник и среда, кога дури ни утрото не донесе олеснување. Петок и недела, деновите кои најчесто ги поврзуваме со одмор и слободно време, покажаа најниски нивоа на анксиозност, и покрај поимот „неделни нервози“ што е вообичаен кај многумина.

Клиниката во Кливленд вели дека не треба да чекате лош ден за да се грижите за своето ментално здравје. Нивните стручњаци препорачуваат:

  • поминување време на свеж воздух и природа
  • редовна физичка активност
  • исхрана богата со овошје и зеленчук, со намалено внесување на преработена храна
  • вежби за дишење, медитација или свесност
  • разговор со психотерапевт.

Тие исто така забележуваат дека зад лошото расположение може да стојат други причини – како што се здравствени проблеми, проблеми со спиењето, хормонски промени, несакани ефекти од лекови или проблеми со менталното здравје. Доколку забележите дека често сте во лошо расположение, се препорачува да разговарате со лекар или професионалец за ментално здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ