Замавнувањето на рацете и нозете особено укажува на емоции: поголемо замавнување е поврзано со лутина, додека помало замавнување укажува на страв или тага, објави Гардијан.
Истражувачите побарале од волонтери да ги погодат емоциите на луѓето врз основа на видео снимки од нивно одење. Во експериментите, актерите оделе додека се сеќавале на настани што предизвикувале гнев, среќа, страв или тага.
Видеo снимките прикажуваа само движења на телото, без изрази на лицето или други знаци. Набљудувачите успешно ги препознаа емоциите.
Во вториот експеримент, научниците манипулирале со видео снимки за да ги зголемат или намалат замавнувањата со рацете и нозете. Испитаниците го доживеале агресивното одење како лутина, додека послабите движења ги толкувале како тага или страв.
„Одењето е едно од најпознатите и најдобро практикуваните движења на целото тело, па промените во емоционалната состојба природно влијаат на начинот на кој одиме“, изјави водечкиот автор на студијата, Мина Вакабајаши, од Меѓународниот институт за напредни телекомуникациски истражувања во Кјото.
Студијата истакнува дека толкувањето на емоциите врз основа на движењето може да им помогне на луѓето брзо да ги разберат другите во социјални ситуации, дури и од далечина.
Научниците, исто така, гледаат потенцијални примени во системи за надзор и за паметни уреди што следат ментална состојба.
Слично истражување во Тексас покажа дека алгоритмите за машинско учење можат делумно да протолкуваат гнев, тага, радост и страв врз основа на одењето.






