Најавена на почетокот на неделата на годишниот технолошки саем ЦЕС во Лас Вегас, новата интерактивна коцка – таканаречена Лего смарт брик – е опремена со мал чип што ѝ овозможува да ги користи своите звучници и ЛЕД светла на различни начини кога други паметни коцки се во нејзина близина.
Така во рамките на играта Лего, диносаурус може да почне да рика кога ќе му се додаде соодветниот дел, а хеликоптерот може да почне да зуи и да свети.
Џулија Голдин, главен директор за производи и маркетинг во Лего, изјави дека оваа нова технологија е едно од најзначајните достигнувања од воведувањето на мини фигура на Лего во 1978 година.
Паметната коцка содржи прилагоден чип со големина од околу четири милиметри, бакарни калеми и батерија што може да се полни, што ѝ овозможува да ја детектира оддалеченоста и ориентацијата на други паметни коцки во близина. Исто така, има вграден минијатурен звучник, акцелерометар и ЛЕД екран.
Коцката може да препознае кои фигури или специјални сензори се во нејзина близина и соодветно да реагира. На пример, кога фигурата е поставена на возило, коцката реагира со соодветни звучни или светлосни ефекти.
Лего објави дека новите паметни коцки ќе бидат во продажба од 1 март 2026 година.






