сабота, 6 декември 2025

Нов тест на крвта би можел да предвиди болести и до 10 години однапред

Истражувачи од Велика Британија развиле тест на крв кој со убод со игла може да открие рани знаци на болест повеќе од една деценија пред да се појават симптомите.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Тестот користи детални молекуларни профили на крвта за да го предвиди ризикот од болести како што се дијабетес, срцеви заболувања, рак и деменција, пренесува Гардијан.

Истражувањето е дел од проектот на британската Биобанка, во рамките на која биле анализирани речиси 250 различни протеини, шеќери, масти и други молекули во крвта на половина милион доброволци.

Со комбинирање на овие податоци со медицинските картони и регистри на смртни случаи, научниците можат да добијат попрецизна слика за физиологијата на една личност и да препознаат рани знаци на болест.

Доктор Џој Едвардс-Хикс од Универзитетот во Единбург истакнува дека овие тестови ќе овозможат превенција на болеста пред да се појават симптомите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ