сабота, 6 декември 2025

Норвешка го гради најдолгиот и најдлабок подводен тунел во светот: 392 метри под нивото на морето (ВИДЕО)

Во Норвешка се гради најдолгиот и најдлабокиот подводен тунел во светот, кој ќе го скрати времето на патување помеѓу поголемите градови и ќе стане дел од автопатот без траекти долж западниот брег на земјата.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тунелот долг 27 километри се вика Рогфаст, скратено од „Рогаланд фастфорбинделсе“, по регионот во кој се наоѓа и норвешката збор за „фиксна врска“, пренесува Си-ен-ен.

На најдлабоката точка ќе биде 392 метри под морското ниво.

Работите започнаа во јануари 2018, но беа прекинати крајот на 2019 поради очекуваните пречекорувања на трошоците.

Проектот беше обновен кон крајот на 2021 година, а се очекува тунелот да биде завршен во 2033 година и ќе чини околу 25 милијарди норвешки круни (околу две милијарди евра).

„Тунелот значително ќе ја подобри поврзаноста долж западниот брег на Норвешка, создавајќи побрза и посигурна врска помеѓу регионите Ставангер и Хаугесунд“, изјави Ан-Брит Моен, раководител на проектот во Сканска, која го гради северниот дел од тунелот, најдлабокиот дел со должина од девет километри.

Со заменување на сегашните фериботски врски, Рогфаст ќе го скрати времето на патување помеѓу Берген и Ставагенер за околу 40 минути, што ќе го олесни секојдневното патување.

Тунелот ќе има два одделни цевководни премини со по две сообраќајни ленти, додека на половина пат низ тунелот ќе има двоен кружен тек длабок 260 метри, поврзан со тунелот што води до островот Квицој.

Изградбата на тунел со оваа должина под морето бара напредни технолошки методи. Работата се изведува истовремено од двата краја, со цел да се поврзат двата градежни тима во средината со маргина на грешка од само пет сантиметри, користејќи ласерски мерни уреди и други софистицирани уреди за следење и креирање дигитален модел на тунелот.

Рогфаст се гради како дел од реконструкцијата на автопатот Е39 долж западниот брег, кој е долг 1.100 километри и вклучува седум траекти, за кои е потребно 21 час патување.

Целта е да се отстранат траектите од сообраќајот преку тунели и мостови, со што патувањето би се скратило за половина.

Тунелот, исто така, бара мерки за заштита од загадување на воздухот, со лонгитудинална вентилација и систем за откривање на инциденти во реално време.

Иако затворањето на траектите ќе доведе до губење на некои работни места, Рогфаст ќе го подобри пристапот до работни места, образование и јавни услуги за локалните заедници, ќе ги намали логистичките трошоци и ќе го поттикне економијата и рибарството, истакна Моен.

Рогфаст ќе биде подлабок од кој било подводен тунел во светот, додека тунелот Сејкан во Јапонија и тунелот под Ла Манш, кои моментално се најдолги, се значително поплитки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ