понеделник, 19 мај 2025

Нобеловецот Џефри Хинтон предупредува за вештачката интелигенција: ВИ е како младенче од тигар, мора да бидеме загрижени

Добитникот на Нобелова награда за физика и пионер во областа на вештачката интелигенција (ВИ), Џефри Хинтон, верува дека ВИ ќе го трансформира образованието и медицината и потенцијално ќе го реши проблемот со климатските промени, но е сè повеќе загрижен за нејзиниот брз развој.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Хинтон, кој ја доби Нобеловата награда за неговата пионерска работа во истражувањето на вештачките невронски мрежи, а чиј концепт од 1986 година е основа на денешните големи јазични модели (ЛЛМ) – основата на вештачката интелигенција, проценува дека постои ризик од 10 до 20 проценти вештачката интелигенција на крајот да ја преземе контролата од луѓето, објавува Си-би-ес њуз.

Тој предупреди дека луѓето сè уште не сфатиле што доаѓа.

„Најдобар начин да го разбереме ова е да се споредиме со некој кој има преслатко младенче тигар. Освен ако не сте апсолутно сигурни дека ќе сака да ве убие кога ќе порасне, треба да бидете загрижени“, рече тој.

Според Хинтон, компаниите за вештачка интелигенција треба да одвојат значително повеќе средства за безбедносните истражувања отколку што трошат во моментов. Во мај 2023 година, Хинтон објави дека се повлекува од Гугл за да може „слободно да зборува за ризиците од вештачката интелигенција“.

„Машинското учење ќе има големо влијание врз нашата цивилизација. Може да се спореди со индустриската револуција. Само, наместо да ги надмине луѓето по сила, тоа ќе ги надмине луѓето по интелектуални способности. Немаме никакво искуство за тоа како е работите да се попаметни од нас, и тоа ќе биде прекрасно на многу начини, во области како здравството, во речиси сите области на индустријата, ќе биде многу поефикасно. Луѓето ќе можат да го завршат истото ниво на работа со асистент за вештачка интелигенција за многу помалку време. Тоа исто така ќе доведе до значително подобрување на продуктивноста. Мора да се грижиме за можните лоши последици, особено за опасноста овие работи да излезат од контрола“, изјави Хинтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ