Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини и антиоксиданти за кои е докажано дека го намалуваат воспалението во телото, вклучувајќи го и мозокот. Помалку воспаленија – подобра функција на мозокот. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на ореви придонесува за подобра меморија, учење, координација, па дури и намалување на нивото на анксиозност, пренесува Парада.
Едно истражување покажа дека младите кои јаделе ореви за појадок имале подобра меморија шест часа подоцна – иако интересно е што ефектот бил одложен наместо моментален.
Купер препорачува грст јаткасти плодови дневно или најмалку пет порции неделно. Можете да ги јадете сами, да ги додадете во овесната каша или да ги посипете врз салата.
Иако јаткастите плодови се одличен сојузник за здрав мозок, важно е да имате разновидна и урамнотежена исхрана. Но, ако барате брза и здрава ужина, грст ореви е добар почеток.