понеделник, 31 март 2025

Неправилно одмрзнување на месото може да е опасно

Одмрзнувањето на месото е рутинска работа за домаќинките, но доколку не го правиме правилно, може да биде опасно по нашето здравје.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Иако повеќето месото го одмрзнуваат на собна температура, оваа практика може да биде исклучително ризична.

Кога месото стои на собна температура, неговата површина брзо влегува во температурна зона погодна за развој на бактерии како што се салмонела и ешерихија коли, што може да донесе ризик од труење со храна. Месото се одмрзнува нерамномерно и за време на готвењето може да резултира со преварување на надворешниот дел, додека внатрешноста останува недоволно термички обработена.

Најбезбедниот начин на одмрзнување на месото е постепено одмрзнување во фрижидер. На овој начин месото останува на контролирана температура, што го забавува развојот на бактериите. Ставете го месото во сад или на плех, оставете го да се одмрзне преку ноќ.

Месото можете да го растворите и во ладна вода. Потопете го месото во ладна вода и менувајте ја водата на секои половина час. Помалите парчиња се одмрзнуваат за 1-2 часа, поголемите за 3-4 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ