среда, 18 февруари 2026

Непознати навики на поларните мечки: Како преживуваат на минус 30 степени (ВИДЕО)

Приближувањето до поларни мечки е опасен потфат – тие се моќни предатори кои можат да убијат човек без двоумење. Овој факт со години им отежнува на научниците да ги набљудуваат во нивното природно живеалиште.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, во современата технологија е пронајдено решение – со прицврстување на камери на специјални ѓердани. Истражувачите на тој начин им овозможиле на мечките да „ги снимаат сопствените животи во дивината“, без да ја ризикуваат својата безбедност.

Снимките се направени во 2016 година, откако истражувачки тим на Геолошкиотот завод на САД ги поставил специјалните ѓердани на поларни мечки на Арктикот.

До тој момент, голем дел од знаењето за нивното однесување се потпираше на истражувања спроведени пред 40 години, што значеше дека податоците беа „застарени и ограничени“.

Со поставување камери, тимот предводен од Антонио Пагано доби единствена можност да набљудува од директна перспектива како овие животни ловат, се хранат и се одмараат во замрзната средина.

Научниците се фокусираа на проучување на „потрошувачката на енергија на поларните мечки“, бидејќи тие се големи и силни животни на кои им се потребни огромни количини храна за да ја одржат својата телесна маса и исклучително тешки навики за лов.

Научниците објаснија дека поларните мечки живеат во области каде што температурите достигнуваат и до -30 степени Целзиусови. Токму поради таквите екстремни услови, на истражувачите им било тешко да останат на терен подолг временски период и директно да ги набљудуваат.

„Ѓерданите со камери ни даваат директен увид во тоа што прават мечките на мразот, какви се нивните типични шеми на активности. Колку се подвижни, колку често фаќаат фоки, колку време поминуваат обидувајќи се да ги фатат и колку често доаѓаат во контакт со други мечки – како и какви други форми на однесување покажуваат во таа средина“, рече Пагано.

Тој додава дека поларните мечки се „предатори од заседа“. Тие се задржуваат на места за кои претпоставуваат дека се живеалишта на фоки, чекајќи покрај дупките во мразот. Таму можат да лежат мирно речиси половина ден, трпеливо чекајќи го моментот кога фоката ќе се појави за да земе воздух.

На снимките што ги собрале, истражувачите можеле јасно да го видат моментот кога поларна мечка го забележува пленот – предаторот потоа одеднаш се движи и започнува силен напад!

„Навистина е фасцинантно да се учи за нивните основни облици на однесувања и како ја користат замрзнатата средина“, рече Пагано.

Оваа студија не само што обезбеди вредни податоци за начинот на живот на еден од најопасните предатори на планетата, туку покажа и како современата технологија може да ѝ овозможи на науката да напредува без да ги загрози човечките животи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ