вторник, 24 март 2026

Необични „пирамиди“ на Антарктикот: Природни формации или доказ за древна цивилизација? (ФОТО)

Необична формација на Антарктикот, снимена со помош на Гугл Ерт, која „потсетува на пирамидите во Гиза“, предизвика лавина од теории на интернет.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Сè повеќе корисници дискутираат за можноста за постоење на древна цивилизација која „градела масивни структури пред почетокот на нашата историја“.

Различни теории

Независниот истражувач Џеј Андерсон забележал ледени структури користејќи Гугл Ерт, според неговите толкувања, три остри планински врва покажуваат „очигледна усогласеност со древните пирамиди во Гиза“.

Овие формации можат да се видат на координатите 79°58’39.0″S 81°57’34.0″W, во јужниот дел на планинскиот венец Елсворт, еден од најстрмните и најживописни региони на ледениот континент.

По неговата објава, многумина се запрашаа дали ова би можело да биде „доказ за постоење на древна, глобална цивилизација“, за која досега ништо не се знаело.

Откако фотографиите се појавија на интернет, корисниците не се двоумеа да покренат различни теории. Дел од нив шпекулираат за можноста дека станува збор за „вештачки структури“.

„Ако хипотезата е точна, тоа би значело дека многу напредна цивилизација постоела долго пред нашите најстари записи“, гласеше еден коментар.

„Само потсетуваат на пирамиди“

Сепак, друг дел од корисниците сугерираат дека формациите најверојатно се резултат на природна ерозија. Геолозите веруваат дека обликот на планината, кој наликува на „пирамида“, е создаден во текот на милиони години за време на процесот на замрзнување и одмрзнување.

Централната формација, снимена со помош на Гугл Ерт, наликува на пирамида со четири стрмни страни, пренесува Дејли меил.

Се чини дека постојат и помали врвови, кои исто така личат на пирамиди, а многумина сметаат дека нивниот (дијагонален) распоред „потсетува на распоредот на пирамидите во Гиза“.

Сепак, професор на Универзитетот во Калифорнија и виш научен соработник во агенцијата НАСА, Ерик Рињо, тврди дека формациите на Антарктикот всушност не се ништо повеќе од планински врвови што потсетуваат на пирамиди.

Процес на замрзнување и одмрзнување

Рињо објасни дека стрмните страни најверојатно се обликувани во текот на стотици милиони години, особено преку процесот на замрзнување и одмрзнување.

„Тоа е процес каде што водата и снегот навлегуваат во мали пукнатини во текот на потоплите периоди, а потоа замрзнуваат кога температурите паѓаат, ширејќи ги и одвојувајќи ги карпите сè додека големи делови на крајот не се отцепат“, рече тој.

Професорот по еколошки науки на Масачусетс, Маури Пелто, потврдува дека таквата ерозија е одговорна за формирањето на други „пирамидални планински врвови“, како што е познатиот Матерхорн во Швајцарија.

Авторот на Прирачникот за истражувања на НЛО, Најџел Вотсон, наведува дека фотографиите на „пирамидални структури“ се фотомонтажи или едноставно природни формации што Ескимите ги нарекуваат нунатак.

Според него, ваквите формации настанале поради движењето на глечерите и ерозијата, а не со „ласери од вонземјани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ