Студијата има за цел да истражи како човечкото тело реагира и се прилагодува на планинските услови, а учесниците ќе добијат бесплатно сместување, храна и паричен надоместок од 400 евра.
Програмата ќе трае околу пет недели, од средината на август до почетокот на октомври, и ќе биде поделена во неколку фази, пренесува Клик.
Првата недела ќе се одвива на пониска надморска височина во градот Силандро, каде што волонтерите ќе бидат подложени на основни медицински прегледи и тестови.
Потоа ќе следат четири недели во планинско засолниште во Алпите, на надморска височина од над 2.300 метри, по што учесниците ќе се вратат во Болцано на завршни медицински прегледи.
Истражувачите ќе следат низа здравствени показатели, вклучувајќи ја активноста на нервниот систем, функцијата на крвните садови, квалитетот на спиењето, метаболизмот и физичката издржливост.
Во слободното време, учесниците ќе можат да работат од далечина, да учат или едноставно да уживаат во планинскиот пејзаж.
Покрај тоа, од нив се очекува да одржуваат вообичаена физичка активност и да останат во просторот одреден за студијата.
Научниците истакнуваат дека резултатите од истражувањето ќе помогнат подобро да се разбере како човечкото тело се прилагодува на условите на голема надморска височина, што може да има значење како во медицината така и во спортот и рекреацијата.






