Ненадејните промени на температурата претставуваат голем стрес за организмот и можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Појавата позната како метеоропатија влијае на голем број луѓе, симптомите вклучуваат главоболки, болки во зглобовите, замор и промени во расположението.
Ненадејното заладување ги стеснува крвните садови и го зголемува ризикот од мозочен удар, додека наглото зголемување на температурата може да го зголеми ризикот од срцев удар. Промените во атмосферскиот притисок влијаат и на болката во коските, зглобовите и главата.
Метеоропатијата влијае и на нервниот систем, предизвикувајќи несоница, раздразливост и пад на концентрацијата. Најчувствителни се хронично болните, постарите лица и децата.
Експертите советуваат здрав начин на живот, доволно сон, внесување доволно течности, лесна исхрана и редовна физичка активност за да може организмот полесно да се адаптира на временските промени.






