Наодите од студијата, објавени во британското списание „Пнас Нексус“, укажуваат дека микроорганизмите можат да преживеат многу потешки услови отколку што се мислеше порано, што отвора прашања за потеклото на животот на Земјата, кој можеби пристигнал тука од блиско небесно тело, пренесе денес агенцијата Анса.
Истражувачите, предводени од професорот Калиат Рамеш, за своите тестови ја избраа бактеријата Деинококус радиодуранс (Deinococcus radiodurans), која е позната по својата способност да преживее најнеповолни услови, од екстремен студ до интензивно зрачење, како и по својата способност да заздрави сама.
„Сè уште не знаеме дали постои живот на Марс, но ако постои, веројатно има слични можности“, рече Рамеш.
За да се симулира огромниот притисок што го создава ударот на астероид и неговото последователно исфрлање од планетата, микроорганизмот бил поставен помеѓу две метални плочи, кон кои бил истрелан проектил од гасен пиштол.
На овој начин, генерираниот притисок достигна околу три гигапаскали, за споредба, притисокот на дното на Маријанскиот ров, најдлабоката точка на океанот на Земјата, изнесува една десетина од гигапаскал.
Бактериите се покажаа многу поотпорни од очекуваното – при притисок од 1,4 гигапаскали, сите преживеаа, а при 2,4 гигапаскали, околу 60 проценти од бактериите останаа одржливи, и покрај знаци на пукање на мембраната и внатрешно оштетување.
„Тоа значи дека животот потенцијално може да се движи меѓу планетите. Можеби ние сме Марсовци“, заклучи првата авторка на студијата, Лили Жао.






