вторник, 9 декември 2025

Недоволно внесување вода предизвикува посилна реакција на стрес

Луѓето кои не пијат доволно вода имаат поизразена биолошка реакција на стрес, според научно истражување.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачите откриле дека луѓето кои пијат помалку вода ослободуваат повеќе од хормонот на стрес – кортизол, иако не чувствуваат поголема жед во споредба со оние кои пијат повеќе. Научниците сугерираат дека држењето шише вода при рака за време на стресни периоди може да биде корисно за долгорочно здравје.

Студијата, спроведена од експерти од Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул (ЛЈМУ), опфати 16 лица кои пиеле помалку од 1,5 литри вода дневно и 16 лица кои редовно ги исполнувале препорачаните дневни упатства за внесување на течности.

Научниците се потпираа на упатствата на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), која препорачува мажите да пијат 2,5 литри вода дневно, а жените два литри. Сепак, потребата за вода може да биде поголема кога е времето топло, кога лицето е физички активно, за време на закрепнување од болест или за време на бременост и доење.

Учесниците во студијата биле следени седум дена – биле земени примероци од урина и крв – по што биле подложени на лабораториски стрес тест. Тестот вклучувал симулирано интервју за работа: секој учесник имал 10 минути да се подготви, а потоа да даде интервју пред панел од три лица во бели мантили, пред лажна камера. По ова следела ментална аритметичка задача.

Професорот Нил Вош од Универзитетот Џон Мурс го опиша тестот како „навистина вознемирувачки“.

„Знаеме дека луѓето кои имаат ниско дневено внесување на течности и не ги исполнуваат препораките веројатно не се доволно хидрирани. Но, не знаевме дали, кога ќе се најдат во стресна ситуација под контролирани услови, ќе имаат посилен хормонски одговор“, изјави Вош.

Научниците земале примероци од плунка од учесниците пред и по тестот за да го измерат нивото на стрес хормонот. Кортизол, познат како хормон на стресот, се произведува од надбубрежните жлезди како одговор на стрес, а исто така игра улога во имунолошкиот одговор, метаболизмот и регулирањето на крвниот притисок.

Тимот откри дека нивото на кортизол е повисоко кај оние кои пиеле помалку вода. Професорот Шо забележал дека физичките реакции на стрес – како што се забрзан пулс, потење на дланките и сува уста – биле слични во двете групи.

„Двете групи почувствувале слично ниво на анксиозност и имале слично зголемување на срцевиот ритам за време на стрес тестот“, рече тој. „Но, луѓето кои слабо внесувале вода, бидејќи не пиеле доволно течности секој ден, имале многу посилен одговор на кортизол.“

Кортизолот е примарен стрес хормон во телото, а прекумерната реактивност на стрес е поврзана со поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес и депресија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ