недела, 7 декември 2025

Навивач на Монако светски рекордер на најголема колекција на оригинални дресови (ФОТО)

Навивач на Монако постави светски рекорд за најголема колекција на оригинални дресови на фудбалски клубови, откако досега собрал 1.146 дресови.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Навивачот Жулиен Бурон неодамна ја откри својата колекција дресови на фудбалскиот клуб Монако, кои, меѓу другите, ги носеле Килијан Мбапе, Тијери Анри, Мануел Аморос, Радамел Фалкао, Давид Трезеге и Делио Онис, најдобриот стрелец на клубот.

Како што денес соопшти Монако, официјален судски службеник присуствувал на изложбата и ја потврди бројката од 1.146 дресови, надминувајќи го претходниот светски рекорд што го држеше навивач на Ливерпул од Швајцарија.

Бурон, кој е од Бургундија, рече дека неговата страст кон клубот започнала пред 25 години, кога првпат присуствувал на натпревар помеѓу Монако и Оксер.

„Тоа беше годината кога Монако ја освои својата седма титула во француското првенство. Тој ден се заљубив, не во Оксер, туку во Монако. И оттогаш, не престанав да го следам клубот“, изјави навивачот за веб-страницата на клубот.

Тој почнал да создава колекција кога поранешниот фудбалер на Монако, Лукас Бернарди, му го подарил дресот што го носел во сезоната 2006/2007.

„Оттогаш, се заинтересирав за дресовите што ги носат играчите на натпреварите. Денес, тоа е активност што одзема многу време. Секогаш барам ретки скапоцености, но веќе сум горд што ги поседувам сите овие“, рече Бурон.

Најстариот дрес во колекцијата е од педесеттите години на минатиот век, кој го носел дефанзивецот Франсоа Лудо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ