недела, 18 мај 2025

Науката покажа како изгледа врската помеѓу мајката и детето (ФОТО)

Невролог и мајка на двомесечен син снимила неверојатна снимка со магнетна резонанца која ја покажува силната врска меѓу мајката и детето.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Секој знае колку е силна врската помеѓу мајката и нејзиното дете. Мајчинството не само што неповратно ја менува жената физички, психички и емоционално, туку бебето буквално го менува телото на мајката.

Делови од бебето всушност ги заменуваат клетките на мајката и продолжуваат да живеат во телото на мајката со години.

Многу е напишано за врската помеѓу мајката и детето, од поезија до книги до уметнички дела, но оваа моќна целина никогаш не е евидентирана на овој начин:

Ја гледате првата слика со магнетна резонанца (МРИ) на врската мајка-доенче, направена од неврологот Ребека Сакс. На сликата всушност се прикажани Ребека и нејзиниот двомесечен син, Перси.

“Не ја направив оваа магнетна резонанца за дијагностички цели, дури ни за научни цели. Колку што знам, никој никогаш не направил магнетна резонанца на мајка и дете и сакав да видам како изгледа тоа”, објаснила Ребека.

Можеби најнеочекуваниот дел од сликата е како се гледаат разликите помеѓу мозокот на детето и мајката.

Мозокот на бебето е помазен и потемен бидејќи има значително помалку бела материја. Белата материја или белата маса се состои од глијални клетки и миелин кои пренесуваат сигнали од еден регион на мозокот до друг и помеѓу мозокот и долните центри на мозокот, односно тие „комуницираат“ пораки во мозокот.

Овој недостаток на миелин речиси изгледа како визуелен пример од реалниот живот за тоа како мајките буквално ги обликуваат и формираат своите деца уште од раѓање.

Начинот на кој зборуваме, пееме, држиме и си играме со бебињата ги обликува темелите на мозокот додека детето расте.

Како и многу мајки, Ребека поминала непропорционално многу време гледајќи го своето бебе. Но, бидејќи таа е когнитивен невролог, гледањето на бебето било малку поинаку за неа.

Поточно, таа поминала многу време набљудувајќи го развојот на мозокот на своето бебе користејќи магнетна резонанца.

Таа проучувала колку е фасцинантно да се набљудува како мозокот на детето реагира на интеракција со возрасни, како се шират крвните садови во мозокот и како тие циркулираат како одговор на песни и приказни со мајчински глас.

„Мајката и детето се моќен симбол на љубовта и невиноста, убавината и плодноста. Но, јас сум невро-научник и работев на тоа да ја доловам оваа слика, но јас сум и мајката во неа, згрчена во неа, заедно со мојот син“, изјави Ребека.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ