недела, 7 декември 2025

Науката ја открива тајната на посебната врска: Која баба децата ја сакаат повеќе, од мајчина или од таткова страна?

Секое дете има уникатна врска со својата баба, но научниците тврдат дека не секоја баба е подеднакво блиска со своето внуче. Истражувањата покажуваат дека бабите по мајка имаат значително поважна улога во растењето на децата отколку бабите по татко.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Според студија на Универзитетот во Мичиген, децата поминуваат повеќе време со мајката на нивната мајка, ѝ се доверуваат повеќе и добиваат поголема емоционална поддршка и внимание од неа. Во просек, редоследот на блискост изгледа вака:

баба по мајка

дедо по мајка

баба по татко

дедо по татко.

Експертите објаснуваат дека сè се сведува на односот помеѓу мајка и нејзината мајка – колку е потопла и поотворена таа врска, толку се поголеми шансите бабата да биде присутна во животот на нејзиното внуче.

Од друга страна, односот помеѓу снаата и свекрвата често влијае на блискоста на детето со бабата од таткова страна. Кога меѓу нив постои дистанца, детето го чувствува тоа, па и односот кон бабата станува постуден.

Близината, слободното време, но и бројот на внуци, исто така влијаат на тоа колку често и длабоко бабата може да биде вклучена во животот на детето.

Интересно е што бабите по мајка најчесто помагаат веднаш по раѓањето на детето — присуствуваат на породувањето, ѝ помагаат на мајката во закрепнувањето и се грижат за бебето во првите месеци. Токму тогаш, велат психолозите, се создава нераскинлива емотивна врска која трае цел живот.

Сепак, експертите велат дека секоја баба има своја незаменлива улога – без разлика од која страна на семејството доаѓа. Тие се чувари на љубовта, традицијата и топлината на домот.

Затоа, кога детето возбудено ќе каже: „Ајде да одиме кај баба“ — можеби не треба ни да прашате кај која. Срцето обично веќе го знае патот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ