вторник, 9 декември 2025

Научниците пронајдоа сосема нов свет во центарот на Земјата и сега се целосно збунети како тоа е можно

Железното јадро на нашата планета создава силно магнетно поле кое се протега надвор од површината на Земјата сè до вселената. Таму, се судира со сончевите ветрови, создавајќи го она што го нарекуваме магнетосфера. И токму оваа „проекција“ на јадрото покажува дека тоа воопшто не е статично, пренесува Би-би-си Научен фокус.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна, студиите за сеизмичките бранови кои минуваат низ слоевите на Земјата откриваат дека границата на јадрото е многу подраматична отколку што се мислеше. Се испостави дека јадрото има свој пејзаж, со планини, долини, лизгања на земјиштето, а можеби дури и „внатрешни вулкани“ што го менуваат неговиот облик.

Сеизмичките тестови открија огромни структури кои зрачат од јадрото во долната обвивка, кои се дури и повисоки од Монт Еверест. Некои достигнуваат висина од 1.000 километри – повеќе од 100 пати поголема од највисокиот планински врв на Земјата. Овие внатрешни планини дури го надминуваат и Олимп Монс на Марс, кој со 22 километри се смета за највисок вулкан во Сончевиот систем.

Откритието дека јадрото на Земјата е всушност турбулентно, променливо и динамично, покрена ново прашање меѓу научниците: дали отсекогаш било вака?

Под површината на Земјата се наоѓаат две екстремно големи формации, едната под Африка, а другата под Пацификот. И двете се наоѓаат на длабочина од околу 2.000 километри, што е пет пати повеќе од растојанието од астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Масивот под Тихиот океан е широк околу 3.000 километри, речиси исто колку и Месечината. Заедно, овие два масива сочинуваат 6 отсто од вкупниот волумен на Земјата; за споредба, сите светски океани заедно сочинуваат само 0,12 отсто.

Овие подземни „ридови“ беа именувани како Тузо и Џејсон, по геолозите Тузо Вилсон и В. Џејсон Морган. Иако ги нарекуваме планини, тие технички се провинции со ниска брзина (ЛЛВП) – региони кои го забавуваат минувањето на сеизмичките бранови, и така биле откриени.

Научниците долго време мислеа дека ЛЛВП се привремени, но сега се сомневаат дека тие постојат милиони, можеби дури и милијарди години.

Околу ЛЛВП се наоѓаат таканаречени гробишта на тектонски плочи, области каде што потопените плочи го завршуваат своето движење. Процесот во кој една плоча тоне под друга се нарекува субдукција и често води до земјотреси.

Неодамнешните истражувања покажаа дека ЛЛВП содржат многу поголеми минерални честички во споредба со „гробиштата“ околу нив, што значи дека се многу постари. Додека помалите зрна полесно се формираат и менуваат, големите зрна укажуваат на долг животен век, можеби половина милијарда години.

Ова го менува и нашето разбирање за обвивката, за која се веруваше дека е во постојано движење, без стабилни структури кои траат толку долго.

Една хипотеза тврди дека овие џиновски масиви се всушност остатоци од древна планета што се судрила со Земјата во нејзините рани денови. Некои веруваат дека остатоците од таа планета ја формирале Месечината.

Сепак, истражувањата од март 2025 година покажуваат дека Тузо и Џејсон имаат различен состав, што укажува дека можеби се формирале како резултат на поновите процеси на субдукција, поточно тонењето на океанската кора.

Во ноември 2024 година, научниците со помош на нова сеизмолошка технологија открија „остатоци“ што личат на потонати плочи на места каде што никогаш не била забележана тектонска активност, како што се областите под западниот Пацифик. Една хипотеза е дека тие се остатоци од древен, богат со минерали материјал што датира од времето на формирањето на Земјата.

Во август 2024 година, тим геолози од САД открија огромна мрежа на многу бавни зони (УЛВЗ) во долната обвивка, веднаш над јадрото. Сеизмичките бранови се забавени до 50% во овие зони.

Претходно, овие зони беа забележани само околу Хаваи, но сега знаеме дека постојат и под Северна Африка, Источна Азија и Пацификот. Иако претходно се сомневаше дека се остатоци од вселенски карпи што паднале на Земјата, сега се смета дека се формирале активно, можеби со топење на материјал од океанските гребени, кој потоа тоне и се таложи покрај формацијата ЛЛВП.

Исто така, постои теорија дека внатрешното јадро го променило обликот во последните 20 години. Професорот Џон Видејл од Универзитетот во Јужна Калифорнија открил мали деформации на спојот помеѓу надворешното и внатрешното јадро, што укажува дека надворешното (течно) јадро се меша со внатрешното (цврсто) јадро.

Ваквите нарушувања би можеле да доведат и до внатрешни лизгања на земјиштето или дури и до вулканска активност длабоко под површината, иако овие процеси сè уште е тешко да се докажат поради огромната длабочина.

Овие промени може да го најават почетокот на крајот на Земјата како планета погодна за живот. Надворешното, течно јадро постепено се лади и зацврстува. Кога целосно ќе се олади, Земјата ќе го изгуби магнетното поле што нè штити од сончевото зрачење.

Без заштита, сончевиот ветер полека ќе ја уништи нашата атмосфера, како што се верува дека се случило со Марс, и ќе ја претвори планетата во безживотна пустелија.

Една од клучните мистерии лежи во присуството на хелиум-3, ретка форма на хелиум што може да фрли светлина на тоа колку брзо се формирала Земјата. Новата студија од Универзитетот во Токио покажува дека хелиум-3 навистина може да се „меша“ со железо во јадрото, спротивно на досегашното мислење.

Доколку се детектира поголема количина на хелиум-3, тоа би значело дека Земјата се формирала побрзо отколку што се верувало претходно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ