среда, 1 април 2026

Научниците пронајдоа решение како да ги спречат галебите да крадат храна

Галебите се познати по тоа што крадат храна од невнимателни луѓе на плажите во Велика Британија, но ново истражување покажува дека цртањето очи на кутиите за храна за носење може да ги одврати, намалувајќи ги кражбите до 50 проценти, пренесува Гардијан.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Лаура Кели од Универзитетот во Ексетер и нејзините колеги им нуделе примамлива храна за носење на галебите на повеќе крајбрежни места во Девон и Корнвол.

Кога им бил даден избор помеѓу кутија со нацртани очи и обична кутија, галебите побавно се приближувале до онаа со очи и поретко ја клукале, наведува Гардијан.

Резултатите, објавени во списанието „Екологија и еволуција“, покажуваат дека ефектот трае, бидејќи галебите остануваат претпазливи кон кутиите со очи дури и по повеќекратни изложувања.

Ефектот „будни очи“ се покажа како добар начин за одвраќање и во други ситуации – на пример, за да се држат врапчињата подалеку од посевите, грабливите птици подалеку од аеродромите, па дури и за намалување на нападите на предатори врз добитокот (цртајќи очи на задниот дел на животното).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ