среда, 11 февруари 2026

Научниците пронајдоа докази: Римјаните користеле човечки измет како лек

Научници од Турција пронашле археолошки докази дека Римјаните користеле човечки измет како дел од медицински третмани, потврдува студија објавена во списанието Журнал за археолошка наука, пренесува Си-ен-ен. Иако ваквата практика била позната од античките пишани извори, ова е првпат таа да биде потврдена преку физички археолошки наод.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Водечкиот автор на студијата, археологот Ценкер Атила од Универзитетот Сивас Ќумхуријет, открил остатоци во римско стаклено шишенце пронајдено во античкиот град Пергамон, кое потекнува од вториот век. Анализата покажала дека шишенцето содржело човечки измет, висока концентрација на мајчина душица и маслиново масло.

Според Атила, станува збор за медицински препарат опишан од познатиот римски лекар Гален, пионер на анатомијата и личен лекар на неколку римски цареви. Пронаоѓањето на овој лек претставува редок и возбудлив доказ за реалната примена на античката медицина.

Истражувачите наведуваат дека човечкиот и животинскиот измет во античко време биле сметани за моќни и делотворни лековити супстанции, иако се користеле со одредена претпазливост. Овие наоди, исто така, укажуваат дека концептот на фекална трансплантација, денес призната медицинска практика, бил познат уште во антиката.

Иако ваквите стаклени шишенца обично се користеле за парфеми, ова било пренаменето за чување лек, при што мајчината душица служела и за неутрализирање на непријатниот мирис. Според експертите, откритието претставува важна врска меѓу античките медицински текстови и археолошките докази.

Професор од Универзитетот Оксфорд оценил дека истражувањето е научно засновано и дека е значајно што античката традиција конечно се поврзува со конкретен археолошки материјал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ