вторник, 9 декември 2025

Научниците откриле на која возраст стареењето драматично забрзува

Научниците откриле дека процесот на стареење драматично се забрзува околу 50-тата година од животот. Тогаш ткивата и органите почнуваат значително побрзо да стареат, а крвните садови ги покажуваат првите и најизразени знаци на влошување.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тим од Кинеската академија на науките анализирал протеини во 13 различни ткива земени од 76 донатори на возраст помеѓу 14 и 68 години. Врз основа на промените во нивоата на протеини, тие развиле „протеомски часовници за стареење“ и откриле дека најголемите промени се случуваат помеѓу 45 и 55 години.

Аортата била најмногу погодена, значајни промени биле забележани и во слезината и панкреасот. Во споредба со базите на податоци за болести, откриено е дека активноста на протеините поврзани со кардиоваскуларни заболувања, фиброза на ткивата и замастен црн дроб се зголемува со возраста.

Ефектите биле потврдени и кај глувци: инјектирањето протеини поврзани со стареењето довело до послаби физички перформанси и изразени знаци на васкуларно стареење.

Резултатите од студијата поставуваат основа за подобро разбирање на стареењето на ниво на целиот организам, пренесува Саенс алерт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ