Колониите мравки обично се состојат од матица, женки работнички и мажјаци кои умираат по парењето. Сепак, овој необичен вид ги менува правилата на играта, пренесува Њу сајентист.
Во последните 40 години истражувачите претпоставуваа дека Темноторакс киномураи произведува исклучиво матици, но досега немаше убедлив доказ.
Се заклучува дека младите матици ги преземаат гнездата на сроден вид, Темнотракс макора, убивајќи ја нивната матица и женските работнички. Потоа тие се размножуваат бесполово, создавајќи потомство во процес познат како партеногенеза, што е реткост кај мравките, но честа појава кај други инсекти.
Работниците од видот Темнотракс макора се измамени да помогнат во одгледувањето млади матици од видот Темноторакс киномураи, објаснија научниците.
Професорот Јирген Хајнц од Универзитетот во Регенсбург и неговиот тим собрале шест колонии на матици од видот Темноторакс киномураи и ги одгледувале во вештачки кутии. Тие успеале да добијат 43 потомци од овие колонии. Испитувањето на нивната анатомија потврдило дека немало мажјаци.
На овие нови кралици потоа им била дадена можност да нападнат колонија на Темнотракс макора. Седум преживеале и успешно извршиле преземање. Потоа тие создадоа уште 57 потомци, повторно сите матици.
„Овие мравки покажуваат сосема нова форма на општествена организација, додавајќи уште една возбудлива димензија на богатиот и разновиден свет на мравките“, рече Хајнц.
Напаѓањето на колонии од други видови мравки е ризична стратегија, како што може да се види од високиот процент на неуспешни обиди на матици во ова истражување. Меѓутоа, ако сите потомци се матици, шансите за воспоставување нови репродуктивни колонии се поголеми.
„Ако партеногенезата се развие како случајна мутација, како во случајот со Темноторакс киномураи, матицата може да произведе 100 ќерки кои не мора да се парат. Значи, има 100 нови матици кои се обидуваат да воспостават повеќе колонии“, додаде тој.
Овој вид може да се смета за последен чекор во еволуцијата на „општествениот паразитизам“, истакнувајќи ја големата флексибилност во животните циклуси на инсектите, изјави германскиот професор.






