недела, 7 декември 2025

Научниците откриле нови податоци од црната дупка: На почеток не можевме да веруваме во бројките

Научници откриле најсјајна светлина некогаш исфрлена од црна дупка, која има јачина како 10 трилиони Сонца, пренесува Еј-би-си њуз.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Ваквите налети на светлина и енергија може да бидат резултат на интерактивни магнетни полиња или исфрлање на загреан гас околу црните дупки.

Светлосните налети им помагаат на истражувачите да ја разберат внатрешноста на црните дупки, наведува Еј-би-си.

Овој феномен е забележан во 2018 година со камера во опсерваторијата Паломар во Калифорнија, а снимената светлина сјаела со најсилен интензитет околу три месеци, пред да почне да слабее.

Ова најверојатно се случило затоа што голема ѕвезда се приближила премногу блиску до црната дупка и се распарчила на фрагменти.

„На почеток не можевме да поверуваме во бројките кои покажуваа интензитет на енергијата“, рече авторот на студијата Метју Грејем од Институтот за технологија во Калифорнија.

Резултатите од истражувањето беа објавени вчера во списанието „Природна астрономија“.

Зракот на светлина потекнува од супермасивна црна дупка оддалечена 10 милијарди светлосни години, што го прави најоддалечениот некогаш забележан.

Светлината потекнува од времето кога универзумот бил релативно млад, а една светлосна година е еднаква на растојание од 9,7 трилиони километри.

Проучувањето на ваквите појави им помага на истражувачите подобро да ја разберат ѕвездената средина околу супермасивните црни дупки.

Речиси секоја голема галаксија, вклучувајќи го и нашиот Млечен Пат, има супермасивна црна дупка во својот центар, но научниците сè уште не се сигурни како тие се формираат, според Еј-би-си њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ