Енцелад претходно беше идентификуван како еден од главните кандидати во потрагата по вонземен живот, откако мисијата Касини, која заврши во 2017 година, покажа дека под неговата ледена кора постои океан од солена вода, пренесува Гардијан.
Новите наоди, базирани на анализа на податоци од инструментот „Анализатор на космичка прашина“, го потврдуваат постоењето на сложени органски молекули кои потекнуваат директно од океанот.
„Кога ќе откриеме хемиска сложеност, се зголемува и потенцијалот за живот“, изјави Нозаир Каваџа, научник од Универзитетот во Берлин и главен автор на студијата објавена во списанието Астрономија на природата.
Иако откритието не докажува дека постои живот, експертите посочуваат дека Енцелад сега ги поседува сите клучни елементи за неговото создавање – течна вода, енергија и пребиотски молекули.
Европската вселенска агенција планира нова мисија на овој сателит околу 2042 година, што би вклучувала орбитер и лендер за потрага по директни знаци на живот.






