Забележано е дека тие често ги менуваат подгрупите, кои се составени од три или повеќе единки, што им овозможува да разменуваат информации за локацијата на овошните дрвја и времето кога зреат плодовите, пренесува Гардијан.
Истражувањата покажаа дека на овој начин тие не само што го надополнуваат меѓусебното знаење, туку и комбинираат информации за да создадат ново знаење.
Во извештајот, објавен во списанието Комплексити, се наведува дека, на пример, една подгрупа знае каде се наоѓа изворот на храна, додека друга знае кога овошјето зрее на тоа место. Комбинираното знаење на двете подгрупи е синергиско, дозволувајќи им да го користат изворот на храна според неговата локација и време на зреење, се вели во студијата, заклучувајќи дека наодите претставуваат „убедлив пример за колективна интелигенција во природни услови“.
Студијата, во која учествувале научници од Универзитетот Хериот-Ват, Универзитетот во Единбург и Националниот автономен универзитет во Мексико, се базирала на набљудувања во текот на седум години на полуостровот Јукатан во Мексико.
Мајмуни пајаци се род на мајмуни кои ги населуваат тропските шуми на Централна и Јужна Америка, од јужен Мексико до Бразил.






